Илуминати (Illuminati) е име кое се однесува на повеќе групи, историски, модерни, реални и фиктивни. Историски името се однесува на баварските Илуминати. Денес (според многумина) ова име се поврзува со конспирациона организација која го контролира целиот свет.
Повеќе автори како Mark Dice, David Icke, Ryan Burke, Jüri Lina и Morgan Gricar објаснуваат како баварските Илуминати преживеале и сеуште постојат. Теоретичарите тврдат дека многу луѓе на високи позиции се дел од оваа организација, како: Winston Churchill, семејството Bush, Barack Obama, семејството Rothschild, David Rockefeller и Zbigniew Brzezinski.
David Vaughan Icke е писател и јавен говорник кој се посветил на темата „Кој и што го контролира светот“ Во 1999 година, Icke ја објавил книгата „The Biggest Secret“ во која пишува дека Илуминати се рептило-хуманоиди познати како Братството од Вавилон. Тој објаснува како гореспоменатите луѓе, кои наводно се дел од таа организација, се всушност рептило-хуманоиди. Оваа раса според него настанала кога суштества - рептили од друга планета се населиле на Земјата се измешале со човечкиот род. Така настанале хибриди, кои изгледаат сосема човечки, но можат да го сменат својот облик и да изгледаат како рептили. Тие можат да го менуваат својот облик доколку ја хибридизираат својата ДНК со човечка. Тоа го прават преку консумирање на човечка крв.
Во книгата Tales From The Time Loop, Icke објасува дека најорганизираните религии како: Христијанството, Муслиманството и Јудеизмот се креација на Илуминати, создадени со цел да се разедини и покори човештвото преку бескрајни конфликти.
Ајк верува дека Илуминати симболот што се наоѓа на банкнотата од 1 американски долар не е случајно ставена. Тоа за него е уште еден доказ дека американската влада е контролирана од Илуминати.
Продолжува...
Read more...